• Голем избор на пакети за намалување на вишокот килограми или едноставно пакет за обликување на вашето тело.
  • Бесплатни совети за исхрана, совети за решавање на проблеми со покачена/намалена телесна тежина.
  • Анализа на метаболизмот и масти во телото (Body fat)
  • Индекс на телесна маса (ITM)

Кавитација

  • Веднаш видливи резултати
  • Неинвазивен, сигурен и сосема безболен третман
  • Прецизно отстранување на масните наслаги и целулит

Ако досега бевме сведоци на хируршка липосукција, за отстранување на вишокот масни наслаги сега со напредната технологија е измислен нов апарат кој со нехируршка ултразвучна кавитацдија, безболно и сигурно се справува со вишокот маснотии и целулит.
Апаратот за кавитација работи на принцип на прецизно насочена фрекфенција на местата кои ги третираме,при што ултразвукот преку кожата допира до масните клетки, ги загрева и ги разложува. Мастите во облик на триглицериди одат во меѓуклеточната течност, каде со помош на ензимите се делат на глицероли и високи масни киселини. Глицеролот оди во крвта, а вишокот масни киселини во црниот дроб, каде се метаболизираат како и сите останати масти внесени со храната. Затоа најважна работа која треба да ја споменеме, е дека оние слободни и разградени масти кои патуваат низ нашиот организам во вид на липопротеини мора после третманот со кавитација да се потрошат со одредена физичка активност. Токму затоа на сите наши клиенти кои правеле третман –кавитација им нудиме неколку можности, најбрзо да се ослободат од овие маснотии.
Важно е да се напомене дека насочената ултразвучна фрекфенција е концентрирана исклучиво на масното ткиво, а неможе да наштети на ниеден друг дел од телото. Кавитацијата може да се изведува на стомакот, колковите, бутините, нозете , задникот и рацете.
Третманите смеат да се изведуваат од 20 до 40 минути, еднаш седмично или од 3 до 4 третмани месечно со задолжително комбинирање на дополнителен третман за брзо исфрлање на мастите.
Кавитацијата не се препорачува да ја користат лица после постоперативен зафат, жени со висок притисок, срцево болни и луѓе со покачен холестерол.

Вибросауна

Што претставува VIBRO SAUNA?

VIBRO SAUNA е резултат на долги и обемни истражувања каде е тестирана на луѓето и има покажано одлични резултати. Таа е едноставна, економична и комбинирана машина, каде што инидивидуата има целосна контрола со помош на командните копчиња кои се сместени во внатрешноста на оваа капсула.

Начин на работа:

Температурата која ја постигнува оваа вибросауна е макс. 80 степени целзиусови и е регулирана од клиентот. Главата е надвор од капсулата, каде се сместени два моќни вентилатори, кои под ваша контрола испуштаат воздух со ладни негативни јони, а тука е и музиката за опуштање. Во внатрешноста се поставени два вибромасажера, едниот на грбот, а другиот на нозете, кои можете да ги користите одвоено или заедно. Со VIBRO SAUNA со еден третман успешно се топат 600 калории, кои се еднакви на пешачење од 5-10 километри.

Позитивни ефекти:

  • Помага при губење на вишокот на килограми
  • Овозможува пријатна релаксирачка средина која во помага во ослободување на стресот и напнатоста
  • Ја зголемува циркулацијата
  • Ги ослободува болките во мускулите
  • Ја подобрува работата на бубрезите
  • Помага во намалување на крвниот притисок
  • Кожата ја прави нежна и мека...

Општо:

Со VIBRO SAUNA ќе му овозможите на вашето тело ново искуство, а таа ќе биде вистинско расположение на вашиот ден. Резултатите за намалување на вишокот килограми се одлични и се видливи уште по првите неколку третмани, а вие ќе добиете потполна хармонија на духот и телото.

1 третман = 30 мин.

Боди врапинг

Топење на вишокот маснотии со специјални антицелулитни масла, кои навлегуваат длабоко во кожата и ги разградуваат масните слоеви, а вашето тело е обвиткано во фолија која го помага топењето на маснотиите. Видни резултати веднаш по првиот третман!

1 третман = 35- 45 мин.

Електростимулациии

Еден од посовремените дигитални апарати кои успешно помагаат да се зацврсти оној дел на телото кој вие посакувате (стомак, задник, нозе, гради..).
Прави контракции на мускулите и симулира вежби и до 20 пати појаки отколку кога вие самите би ги правеле.
Успешно е покажан и кај луѓе кои имаат потреба од физикална терапија!

1 третман = 35 - 45 мин.